одбрана
Обично во еднина.
Значење на одбрана:
1. а) Активност, дејство заради спречување и отстранување на некаква опасност, напад и сл. Вооружена одбрана. Противвоздушна одбрана. За одбрана на татковината. б) Сила (од луѓе и средства) што овозможува таква активност. На одбраната ѝ се потребни нови обучени луѓе. Потребни се реформи во одбраната.
2. Заштита, закрила, бранење на некого или на нешто. Нему му падна жал за мене и ме зеде во одбрана. Тој застана во одбрана на словенската писменост. Декларација за одбрана на граѓанските права.
3. а) Правна заштита, бранење во текот на судска постапка. Адвокатот приложи нови докази за одбрана на обвинетиот. Откако се изјасни по обвинението, тој ја изнесе својата одбрана. б) Лице што врши таква заштита, што го брани обвинетиот на суд; бранител. Застапникот на одбраната достави приговор до судијата. Одбраната го заплашува сведокот.
4. Докажување оправданост, бранење на определени поставки во претходно изработен, напишан труд пред испитна комисија. Одбрана на магистерски труд. Одбрана на докторска дисертација.
5. (спорт.) Дел од екипа, играчи што го одбиваат нападот на противничката страна; спрот: напад, навала. Одбраната потфрли во текот на натпреварот. Тренерот ја засили одбраната со двајца нови играчи.
6. (спорт.) Начин, систем на шаховско отворање во зависност од играта за која се одлучува играчот со црни фигури.
Оригинални податоци:
одбрана (обично во едн.) ж. 1. а) Активност, дејство заради спречување и отстранување на некаква опасност, напад и сл. Вооружена одбрана. Противвоздушна одбрана. За одбрана на татковината. б) Сила (од луѓе и средства) што овозможува таква активност. На одбраната ѝ се потребни нови обучени луѓе. Потребни се реформи во одбраната. 2. Заштита, закрила, бранење на некого или на нешто. Нему му падна жал за мене и ме зеде во одбрана. Тој застана во одбрана на словенската писменост. Декларација за одбрана на граѓанските права. 3. а) Правна заштита, бранење во текот на судска постапка. Адвокатот приложи нови докази за одбрана на обвинетиот. Откако се изјасни по обвинението, тој ја изнесе својата одбрана. б) Лице што врши таква заштита, што го брани обвинетиот на суд; бранител. Застапникот на одбраната достави приговор до судијата. Одбраната го заплашува сведокот. 4. Докажување оправданост, бранење на определени поставки во претходно изработен, напишан труд пред испитна комисија. Одбрана на магистерски труд. Одбрана на докторска дисертација. 5. (спорт.) Дел од екипа, играчи што го одбиваат нападот на противничката страна; спрот: напад, навала. Одбраната потфрли во текот на натпреварот. Тренерот ја засили одбраната со двајца нови играчи. 6. (спорт.) Начин, систем на шаховско отворање во зависност од играта за која се одлучува играчот со црни фигури.