одбрани

Глагол, свршен

Значење на одбрани:

1. Заштити некого или нешто од опасност, од напад. Нашата чета го одбрани селото од грабеж и палење. Дедото го одбрани детето од разбеснетото куче. Овчарскиот пес го одбрани стадото овци од нападите на волкот.

2. Пружи правна заштита некому во текот на судска постапка. Адвокатот го одбрани обвинетиот од обвинението.

3. За магистерски, докторски труд – докаже оправданост, образложи определени поставки, принципи. Таа ја одбрани својата магистерска теза пред една година. Тој ја одбрани докторската дисертација во Белград.

4. (спорт.) Зачува прво место, титула од претходниот период. Фудбалерите на клубот ја одбранија шампионската титула.

Коњугација: (ќе) одбранеа , (ќе) одбранев , (ќе) одбранел , одбранат , одбранет, одбранете , одбрани , одбранив , одбранија , одбранил .

Изведени зборови:

  • одбранување, глаг. им. ср.
  • се ~ одбрани, Се заштити од опасност, напад, обвинение и сл. Ловецот сам се одбрани од нападот на мечката. Селаните се одбранија од нападот на арамиите. Детето се одбрани од обвинението дека го искршило прозорецот.
  • (се) одбранува, глаг. повт. (се) одбрануваат

Оригинални податоци:

одбрани, одбранат; одбрани, одбранете; одбранив, одбранија; одбранил; (ќе) одбранев, (ќе) одбранеа; (ќе) одбранел; одбранет св. 1. Заштити некого или нешто од опасност, од напад. Нашата чета го одбрани селото од грабеж и палење. Дедото го одбрани детето од разбеснетото куче. Овчарскиот пес го одбрани стадото овци од нападите на волкот. 2. Пружи правна заштита некому во текот на судска постапка. Адвокатот го одбрани обвинетиот од обвинението. 3. За магистерски, докторски труд – докаже оправданост, образложи определени поставки, принципи. Таа ја одбрани својата магистерска теза пред една година. Тој ја одбрани докторската дисертација во Белград. 4. (спорт.) Зачува прво место, титула од претходниот период. Фудбалерите на клубот ја одбранија шампионската титула. ● се ~ Се заштити од опасност, напад, обвинение и сл. Ловецот сам се одбрани од нападот на мечката. Селаните се одбранија од нападот на арамиите. Детето се одбрани од обвинението дека го искршило прозорецот. ǁ (се) одбранува, (се) одбрануваат повт. ǁ глаг. им. одбранување ср.