одброи

Глагол, свршен

Значење на одброи:

Оддели, одвои дел од нешто со броење; изброи. Одброи десет златници и му ги даде на чорбаџијата. Ги одброи последните секунди до нејзиното заминување.

Коњугација: (ќе) одброев , (ќе) одброеја , (ќе) одброел, одброија , одброј , одбројаа и одброив , одбројав , одбројал и одброил , одбројан и одброен , одбројат , одбројте .

Изведени зборови:

  • одбројува, глаг. несв. одбројуваат
  • одбројување, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Одброени ми (ти, му...) се деновите – нема уште долго да постои, да живее.

Оригинални податоци:

одброи, одбројат; одброј, одбројте; одбројав, одбројаа и одброив, одброија; одбројал и одброил; одбројан и одброен; (ќе) одброев, (ќе) одброеја; (ќе) одброел св. Оддели, одвои дел од нешто со броење; изброи. Одброи десет златници и му ги даде на чорбаџијата. Ги одброи последните секунди до нејзиното заминување. ◊ Одброени ми (ти, му...) се деновите – нема уште долго да постои, да живее. ǁ одбројува, одбројуваат несв. ǁ глаг. им. одбројување ср.