оддалечи
Значење на оддалечи:
1. Премести нешто, однесе на поголемо растојание, зголеми растојание. Оддалечи ги сликите една од друга.
2. Временски помести, одложи нешто. Поројните дождови ја оддалечија сеидбата.
3. (прен.) Отуѓи некого, направи да олади во односите со некого. Таа случка ги оддалечи двајцата другари.
Коњугација: оддалечат.
Изведени зборови:
- оддалечување, глаг. им. ср.
- се ~ оддалечи, Отиде подалеку. Со брзи чекори се оддалечи од куќата. 2. Се отуѓи, олади во односите со некого. Се оддалечи од роднините.
- (се) оддалечува, глаг. несв. (се) оддалечуваат
Оригинални податоци:
оддалечи, оддалечат св. 1. Премести нешто, однесе на поголемо растојание, зголеми растојание. Оддалечи ги сликите една од друга. 2. Временски помести, одложи нешто. Поројните дождови ја оддалечија сеидбата. 3. (прен.) Отуѓи некого, направи да олади во односите со некого. Таа случка ги оддалечи двајцата другари. ● се ~ Отиде подалеку. Со брзи чекори се оддалечи од куќата. 2. Се отуѓи, олади во односите со некого. Се оддалечи од роднините. ǁ (се) оддалечува, (се) оддалечуваат несв. ǁ глаг. им. оддалечување ср.