одделение
Значење на одделение:
1. Составен дел од организација, институција, установа; оддел. Одделение за интензивна нега. Трауматолошко одделение.
2. Клас во основно училиште; паралелка. Прво одделение. Поради отсуство на наставничката двете одделенија ги споија.
Множина: одделенија.
Изведени зборови:
- одделенски, прид. одделенскиот Што се однесува на одделение. Одделенски раководител.
Оригинални податоци:
одделение, мн. одделенија ср. 1. Составен дел од организација, институција, установа; оддел. Одделение за интензивна нега. Трауматолошко одделение. 2. Клас во основно училиште; паралелка. Прво одделение. Поради отсуство на наставничката двете одделенија ги споија. ǁ одделенски, одделенскиот прид. Што се однесува на одделение. Одделенски раководител.