оддели

Глагол, свршен

Значење на оддели:

1. Издели нешто настрана од нешто друго или дел од целина. Му оддели една чинија од ручекот да касне кога ќе се врати.

2. Раздели. Сопствениците одвај ги одделија двете кучиња. Кога ги одделија децата од родителите, некои од децата почнаа да плачат.

3. За син, ќерка – направи да стане посебно домаќинство. Тој веднаш по свадбата го оддели синот.

Коњугација: одделат.

Изведени зборови:

  • одделување, глаг. им. ср.
  • се ~ оддели, Се издели од нешто. 1. Тој дружеше со нас, но во последно време се оддели. 2. Направи посебно домаќинство. Најпрвин беа во заедница, но набрзо се одделија и двајцата браќа од родителите.
  • (се) одделува, глаг. несв. (се) одделуваат

Оригинални податоци:

оддели, одделат св. 1. Издели нешто настрана од нешто друго или дел од целина. Му оддели една чинија од ручекот да касне кога ќе се врати. 2. Раздели. Сопствениците одвај ги одделија двете кучиња. Кога ги одделија децата од родителите, некои од децата почнаа да плачат. 3. За син, ќерка – направи да стане посебно домаќинство. Тој веднаш по свадбата го оддели синот. ● се ~ Се издели од нешто. 1. Тој дружеше со нас, но во последно време се оддели. 2. Направи посебно домаќинство. Најпрвин беа во заедница, но набрзо се одделија и двајцата браќа од родителите. ǁ (се) одделува, (се) одделуваат несв. ǁ глаг. им. одделување ср.