одѕвони

Глагол, свршен

Значење на одѕвони:

1. Испушти ѕвонлив звук; заѕвони. Се слушна тап удар а потоа одѕвони скршен прозорец. Лажицата одѕвони во тенџерето.

2. Со ѕвонење даде знак. Ѕидниот часовник одѕвони десет часот. Тој одѕвони двапати кратко и еднаш долго, така се најавуваше.

Коњугација: одѕвонат.

Изведени зборови:

  • одѕвонува, глаг. несв. одѕвонуваат
  • одѕвонување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

одѕвони, одѕвонат св. 1. Испушти ѕвонлив звук; заѕвони. Се слушна тап удар а потоа одѕвони скршен прозорец. Лажицата одѕвони во тенџерето. 2. Со ѕвонење даде знак. Ѕидниот часовник одѕвони десет часот. Тој одѕвони двапати кратко и еднаш долго, така се најавуваше. ǁ одѕвонува, одѕвонуваат несв. ǁ глаг. им. одѕвонување ср.