одере
Значење на одере:
1. Симне, отстрани кожа од животно. Месарот вешто го одра јагнето.
2. Оштети површина на кожата; изгребе. Трчајќи детето падна и го одра коленото.
3. (прен.) Ограби со продавање по премногу висока цена, со камата и сл. Бев на сервис за автомобилот, ме одраа. За тој кредит кожата му ја одраа.
Коњугација: (ќе) одереа , (ќе) одерев , (ќе) одерел , одерат , одерен, одерете , одери , одраа , одрав , одрал , одран .
Изведени зборови:
- одерува, глаг. несв. одеруваат
- одерување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
одере, одерат; одери, одерете; одрав, одраа; одрал; одран; (ќе) одерев, (ќе) одереа; (ќе) одерел; одерен св. 1. Симне, отстрани кожа од животно. Месарот вешто го одра јагнето. 2. Оштети површина на кожата; изгребе. Трчајќи детето падна и го одра коленото. 3. (прен.) Ограби со продавање по премногу висока цена, со камата и сл. Бев на сервис за автомобилот, ме одраа. За тој кредит кожата му ја одраа. ǁ одерува, одеруваат несв. ǁ глаг. им. одерување ср.