одева

Глагол, несвршен

Значење на одева:

Страда, трпи последици од свои или од туѓи лоши постапки. Кога никој не одева, сè ќе се искраде. Детето што го скрши прозорецот избега, па оние што останаа одеваа. Едни прават, други одеваат.

Коњугација: одеваат.

Изведени зборови:

  • одевање, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Коњите се клоцаат, магарињата одеваат (посл.) – главните, моќните се во судир, се караат, слабите, потчинетите страдаат од тоа.

Оригинални податоци:

одева, одеваат несв. Страда, трпи последици од свои или од туѓи лоши постапки. Кога никој не одева, сè ќе се искраде. Детето што го скрши прозорецот избега, па оние што останаа одеваа. Едни прават, други одеваат. ◊ Коњите се клоцаат, магарињата одеваат (посл.) – главните, моќните се во судир, се караат, слабите, потчинетите страдаат од тоа. ǁ глаг. им. одевање ср.