одгатне

Глагол, свршен

Значење на одгатне:

Открие, се досети, сфати смисла на нешто загадочно, замрсено, непознато; реши загатка. Се мачеше да ја одгатне нејзината тајна. Се обидуваше да одгатне колку години има жената. Тој ги одгатна сите поставени загатки.

Коњугација: (ќе) одгатнеа , (ќе) одгатнев , (ќе) одгатнел, одгатнаа , одгатнав , одгатнал , одгатнат , одгатнат , одгатнете , одгатни .

Изведени зборови:

  • одгатнува, глаг. несв. одгатнуваат
  • одгатнување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

одгатне, одгатнат; одгатни, одгатнете; одгатнав, одгатнаа; одгатнал; одгатнат; (ќе) одгатнев, (ќе) одгатнеа; (ќе) одгатнел св. Открие, се досети, сфати смисла на нешто загадочно, замрсено, непознато; реши загатка. Се мачеше да ја одгатне нејзината тајна. Се обидуваше да одгатне колку години има жената. Тој ги одгатна сите поставени загатки. ǁ одгатнува, одгатнуваат несв. ǁ глаг. им. одгатнување ср.