одговор

Именка, машки род

Значење на одговор:

1. Возвраќање, исказ што се дава на поставено прашање. Точен одговор. Краток одговор. Чекаше одговор. Духовити одговори.

2. Писмо, изјава, објаснување во врска со нечие писмено јавување или барање. Сѐ уште немаше одговор на неговата молба. Врати ми одговор на писмото.

3. Чин, постапка, гест и сл. што претставува реакција на нешто. Молчеше во знак на одговор. Место одговор, ме погледна предизвикувачки. Непријателот престана со огнот чекајќи го нашиот одговор.

Множина: одговори.

Оригинални податоци:

одговор, мн. одговори м. 1. Возвраќање, исказ што се дава на поставено прашање. Точен одговор. Краток одговор. Чекаше одговор. Духовити одговори. 2. Писмо, изјава, објаснување во врска со нечие писмено јавување или барање. Сѐ уште немаше одговор на неговата молба. Врати ми одговор на писмото. 3. Чин, постапка, гест и сл. што претставува реакција на нешто. Молчеше во знак на одговор. Место одговор, ме погледна предизвикувачки. Непријателот престана со огнот чекајќи го нашиот одговор.