одговорен
Значење на одговорен:
1. Што има, што носи одговорност за извршувањето на нешто. Тој е главен и одговорен уредник на весникот. Јас сум одговорен за редот овде. Одговорни работници.
2. Што се однесува на одговорност; важен, значаен. Одговорна задача. Одговорна работа.
Членувана форма: одговорниот.
Изведени зборови:
- одговорно, прил. Се однесува одговорно кон работата.
Оригинални податоци:
одговорен, одговорниот прид. 1. Што има, што носи одговорност за извршувањето на нешто. Тој е главен и одговорен уредник на весникот. Јас сум одговорен за редот овде. Одговорни работници. 2. Што се однесува на одговорност; важен, значаен. Одговорна задача. Одговорна работа. ǁ одговорно прил. Се однесува одговорно кон работата.