одговори

Глагол, свршен

Значење на одговори:

1. Даде одговор на поставено (усно или писмено) прашање. Ученикот одговори точно на сите прашања. Таа ништо не одговори. Старецот одговори со тажен глас.

2. а) Испрати писмо во одговор на примено писмо. Таа не му одговори на последното писмо. б) Се одзве на барање, молба, повик и сл. Тој одговори на сите телефонски повици. Никој не одговори на неговите молби и барања. в) Објави текст во весник, списание и сл. како одговор на објавен текст од некого. Новинарот веднаш ми одговори во истиот весник.

3. Постапи на некој начин како одговор, реакција на нешто (на нечија постапка и сл.). На љубовта му одговорив со љубов. Затропа на вратата, но никој не му одговори. Таа не одговори на неговото развикување. Таа ми одговори со нишкање на главата. Тој му одговори на својот другар со свиреж. Партизаните не одговорија на огнот.

4. Исполни, изврши примена должност, обврска, задача и сл. Тој не беше подготвен да одговори на таква задача. Таа не одговори на своите обврски.

Коњугација: одговорат.

Изведени зборови:

  • одговара, глаг. несв. одговараат 1. сп. одговори. 2. а) Соодветствува, личи, прилега на некого или на нешто. Оваа девојка му одговара на мојот син. Црвениот фустан не ми одговара. Тоа не одговараше на вистината. б) Погоден е, дава можности, исполнува услови за нешто. Ова време им одговара на снаодливите луѓе. На оваа влада ѝ одговара новата состојба. 3. Одговорен е, носи одговорност за нешто. За успешното извршување на задачата сите подеднакво одговараме. За направената штета, тој ќе одговара пред директорот. 4. Обвинет е за нешто, изведен е пред суд. Тој одговара за кривично дело кражба. Тие одговараат за дезертерство.
  • одговарање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

одговори, одговорат св. 1. Даде одговор на поставено (усно или писмено) прашање. Ученикот одговори точно на сите прашања. Таа ништо не одговори. Старецот одговори со тажен глас. 2. а) Испрати писмо во одговор на примено писмо. Таа не му одговори на последното писмо. б) Се одзве на барање, молба, повик и сл. Тој одговори на сите телефонски повици. Никој не одговори на неговите молби и барања. в) Објави текст во весник, списание и сл. како одговор на објавен текст од некого. Новинарот веднаш ми одговори во истиот весник. 3. Постапи на некој начин како одговор, реакција на нешто (на нечија постапка и сл.). На љубовта му одговорив со љубов. Затропа на вратата, но никој не му одговори. Таа не одговори на неговото развикување. Таа ми одговори со нишкање на главата. Тој му одговори на својот другар со свиреж. Партизаните не одговорија на огнот. 4. Исполни, изврши примена должност, обврска, задача и сл. Тој не беше подготвен да одговори на таква задача. Таа не одговори на своите обврски. ǁ одговара, одговараат несв. 1. сп. одговори. 2. а) Соодветствува, личи, прилега на некого или на нешто. Оваа девојка му одговара на мојот син. Црвениот фустан не ми одговара. Тоа не одговараше на вистината. б) Погоден е, дава можности, исполнува услови за нешто. Ова време им одговара на снаодливите луѓе. На оваа влада ѝ одговара новата состојба. 3. Одговорен е, носи одговорност за нешто. За успешното извршување на задачата сите подеднакво одговараме. За направената штета, тој ќе одговара пред директорот. 4. Обвинет е за нешто, изведен е пред суд. Тој одговара за кривично дело кражба. Тие одговараат за дезертерство. ǁ глаг. им. одговарање ср.