оди

Глагол, несвршен

Значење на оди:

1. За човек и за животни – се преместува движејќи се со нозете, чекорејќи. Тој секаде одеше пеш. – Не трчај, оди полека! Кучето одеше пред сите.

2. Се упатува кон определено место со определена цел; посетува, учествува. Оди на работа. Оди на дуќан. Оди на пазар. Оди на факултет. Оди на училиште. Оди на курс. Оди на кино. Оди на состанок. Оди на лекар. Оди в црква. Оди во посета.

3. Се пренесува од едно место на друго со превозно средство. а) За луѓе – патува, се вози. Ќе одиме со воз. На работа оди со велосипед. На долги релации секогаш одиме со авион. б) За стоки – превезува, испраќа. Сето наше производство оди за извоз. Овие пратки ќе одат за Битола. Писмото одело цел месец.

4. Има (нема) нешто на себе, некако е облечен, обуен. Оди по кошула. Оди по чорапи. Оди гологлав. Оди бос.

5. Е во некаква состојба. Уште оди ерген. Оделе свршени една година.

6. Се дружи, другарува. Оди со двајца расипници, па и тој стана како нив.

7. Има љубовна врска. Тој оди две години со девојката.

8. Следи некого во нешто, работи, постапува како некој. Оди по примерот на својот учител. Одат по умот негов.

9. Настојува, се стреми кон нешто, постапува некако со цел да постигне нешто. Од идната година ќе одиме со новите наставни планови.

10. За превозни средства – се движи. Автобусот одеше полека поради мразот. Возот оди најредовно. Авионот не одел директно. – Кога оди бротчето за Струга? 1За механизам – работи, се движи вршејќи ја специфичната функција. Ѕидниот часовник оди малку напред. 12. Се протега, се простира. Патот оди покрај реката. Оваа улица не оди кон театарот. Нашава нива оди од патот, па сè до реката. 13. За работа, за нешто што се прави, што се случува. Нему добро му оди трговијата. Сеидбата оди според планот. Денеска ништо не ми оди. Се надеваме дека ќе оди кон подобро. 14. Чини, вреди, има цена; добро се продава, се бара на пазарот. – Колку одат доматите денес? Овошјето тешко оди. Не оди тутунот како што одеше некогаш. 15. За средства, пари – се употребува, се троши. Половина плата му оди за лекови. Поголемиот дел од парите одат за купување нови машини. 16. а) Се сложува, е соодветно, одговара (за делови од облека, за боја храна, пијалак и др.) Кошулата не ти оди на костумот. Со ваква облека не оди шарена шапка. Со ова јадење оди црвено вино. б) За постапка, намера, намисла – не е така, спротивно е, не може да успее. Тоа што го кажуваш не оди. Не оди тоа така. Што не оди, не оди. 17. Спаѓа, влегува, се распределува во некој состав. Тие ќе одат во втората група. Само квалитетните производи одат за продажба. Ова ќе оди во отпад. Овој тутун не оди во прва класа. 18. За боја, нијанса – преминува, се прелева. Имаше нова блуза, розева што оди кон виолетово. 19. Во некои игри (шах, карти и сл.) – е според правилата; на потег. Топот оди неограничено вертикално и хоризонтално. Сега ти одиш. 20. Во математика – се содржи во некој број. Во девет три оди трипати. 2Со начинско значење – се движи некако. Оди брзо. Оди на прсти. Оди на раце. 22. За време, обично со заменката си. Треба да побрзаме, си оди времето. 23. Се грижи за некого или за нешто. По болниот некој треба да оди. Цвеќињата се убави ама треба да одиш по нив. 24. Во 1 л. како најава, воведување на дејство. Одиме понатаму. Одиме на следното прашање.

Коњугација: одат.

Фразеолошки израз / поговорка:

Не ми оди в глава – не можам да сфатам, да замислам. Оди по линија на помал отпор – не сака судири, избегнува тешкотии. Оди понадвор – излегува по нужда. Оди од рака, на рака – се предава, се пренесува од еден на друг. Оди во чекор со времето / со модата – ги следи современите текови, современ е; се носи според модата, модерно се облекува. Ни оди ни седи – не прави ништо за да ја промени состојбата. Ми (ти, му ...) оди на нерви – ме (те, го ...) нервира. Оди по ќефот (некому) – угодува некому. Оди по тенок мраз – игра опасно.

Оригинални податоци:

оди, одат несв. 1. За човек и за животни – се преместува движејќи се со нозете, чекорејќи. Тој секаде одеше пеш. – Не трчај, оди полека! Кучето одеше пред сите. 2. Се упатува кон определено место со определена цел; посетува, учествува. Оди на работа. Оди на дуќан. Оди на пазар. Оди на факултет. Оди на училиште. Оди на курс. Оди на кино. Оди на состанок. Оди на лекар. Оди в црква. Оди во посета. 3. Се пренесува од едно место на друго со превозно средство. а) За луѓе – патува, се вози. Ќе одиме со воз. На работа оди со велосипед. На долги релации секогаш одиме со авион. б) За стоки – превезува, испраќа. Сето наше производство оди за извоз. Овие пратки ќе одат за Битола. Писмото одело цел месец. 4. Има (нема) нешто на себе, некако е облечен, обуен. Оди по кошула. Оди по чорапи. Оди гологлав. Оди бос. 5. Е во некаква состојба. Уште оди ерген. Оделе свршени една година. 6. Се дружи, другарува. Оди со двајца расипници, па и тој стана како нив. 7. Има љубовна врска. Тој оди две години со девојката. 8. Следи некого во нешто, работи, постапува како некој. Оди по примерот на својот учител. Одат по умот негов. 9. Настојува, се стреми кон нешто, постапува некако со цел да постигне нешто. Од идната година ќе одиме со новите наставни планови. 10. За превозни средства – се движи. Автобусот одеше полека поради мразот. Возот оди најредовно. Авионот не одел директно. – Кога оди бротчето за Струга? 11. За механизам – работи, се движи вршејќи ја специфичната функција. Ѕидниот часовник оди малку напред. 12. Се протега, се простира. Патот оди покрај реката. Оваа улица не оди кон театарот. Нашава нива оди од патот, па сè до реката. 13. За работа, за нешто што се прави, што се случува. Нему добро му оди трговијата. Сеидбата оди според планот. Денеска ништо не ми оди. Се надеваме дека ќе оди кон подобро. 14. Чини, вреди, има цена; добро се продава, се бара на пазарот. – Колку одат доматите денес? Овошјето тешко оди. Не оди тутунот како што одеше некогаш. 15. За средства, пари – се употребува, се троши. Половина плата му оди за лекови. Поголемиот дел од парите одат за купување нови машини. 16. а) Се сложува, е соодветно, одговара (за делови од облека, за боја храна, пијалак и др.) Кошулата не ти оди на костумот. Со ваква облека не оди шарена шапка. Со ова јадење оди црвено вино. б) За постапка, намера, намисла – не е така, спротивно е, не може да успее. Тоа што го кажуваш не оди. Не оди тоа така. Што не оди, не оди. 17. Спаѓа, влегува, се распределува во некој состав. Тие ќе одат во втората група. Само квалитетните производи одат за продажба. Ова ќе оди во отпад. Овој тутун не оди во прва класа. 18. За боја, нијанса – преминува, се прелева. Имаше нова блуза, розева што оди кон виолетово. 19. Во некои игри (шах, карти и сл.) – е според правилата; на потег. Топот оди неограничено вертикално и хоризонтално. Сега ти одиш. 20. Во математика – се содржи во некој број. Во девет три оди трипати. 21. Со начинско значење – се движи некако. Оди брзо. Оди на прсти. Оди на раце. 22. За време, обично со заменката си. Треба да побрзаме, си оди времето. 23. Се грижи за некого или за нешто. По болниот некој треба да оди. Цвеќињата се убави ама треба да одиш по нив. 24. Во 1 л. мн. како најава, воведување на дејство. Одиме понатаму. Одиме на следното прашање. ◊ Не ми оди в глава – не можам да сфатам, да замислам. Оди по линија на помал отпор – не сака судири, избегнува тешкотии. Оди понадвор – излегува по нужда. Оди од рака, на рака – се предава, се пренесува од еден на друг. Оди во чекор со времето / со модата – ги следи современите текови, современ е; се носи според модата, модерно се облекува. Ни оди ни седи – не прави ништо за да ја промени состојбата. Ми (ти, му ...) оди на нерви – ме (те, го ...) нервира. Оди по ќефот (некому) – угодува некому. Оди по тенок мраз – игра опасно.