одигра
Значење на одигра:
1. (спорт.) Заврши игра, натпревар. Одиграа една партија шах. Одиграле два натпревара.
2. Заврши претстава, изигра улога. Утре ќе ја одиграат одложената претстава. Главниот актер во претставата прекрасно ја одигра улогата.
3. (прен.) Изврши некоја работа како главен актер. Тој одигра главна улога во реорганизацијата на претпријатието. Во сето тоа тој одигра важна улога.
Коњугација: одиграат.
Изведени зборови:
- одигрување, глаг. им. ср.
- се ~ одигра, Се случи, стане нешто. Настанот се одигра пред очите на јавноста.
- (се) одигрува, глаг. несв. (се) одигруваат
Оригинални податоци:
одигра, одиграат св. сп. игра. 1. (спорт.) Заврши игра, натпревар. Одиграа една партија шах. Одиграле два натпревара. 2. Заврши претстава, изигра улога. Утре ќе ја одиграат одложената претстава. Главниот актер во претставата прекрасно ја одигра улогата. 3. (прен.) Изврши некоја работа како главен актер. Тој одигра главна улога во реорганизацијата на претпријатието. Во сето тоа тој одигра важна улога. ● се ~ Се случи, стане нешто. Настанот се одигра пред очите на јавноста. ǁ (се) одигрува, (се) одигруваат несв. ǁ глаг. им. одигрување ср.