одјаде
Значење на одјаде:
Престане да јаде нешто што претходно јадел. Одјадов баклава откако еднаш се прејадов. Уште како дете ги одјаде јајцата.Конјугација: (ќе) одјадеа , (ќе) одјадев , (ќе) одјадел , одјадат , одјаден, одјадете , одјади , одјадоа , одјадов , одјал .
Изведени зборови:
- се ~ одјаде, Му (ми, ти ...) (само 3л.) Изгуби волја за јадење. Му се одјаде штом влегоа. Кога видов што има за ручек, ми се одјаде.
- (се) одјадува, глаг. несв. (се) одјадуваат
Оригинални податоци:
одјаде, одјадат; одјади, одјадете; одјадов, одјадоа; одјал; (ќе) одјадев, (ќе) одјадеа; (ќе) одјадел; одјаден св. Престане да јаде нешто што претходно јадел. Одјадов баклава откако еднаш се прејадов. Уште како дете ги одјаде јајцата. ● се ~ Му (ми, ти ...) (само 3л.) Изгуби волја за јадење. Му се одјаде штом влегоа. Кога видов што има за ручек, ми се одјаде. ǁ (се) одјадува, (се) одјадуваат несв.