оџагари
Значење на оџагари:
Отвори широко очи (од изненадување, од чудење, од страв). Ги оџагари очите.Коњугација: оџагарат.
Изведени зборови:
- оџагарување, глаг. им. ср.
- се ~ оџагари, Погледне со широко отворени очи. Кога ја слушна веста за наградата, се оџагари.
- (се) оџагарува, глаг. несв. (се) оџагаруваат
Оригинални податоци:
оџагари, оџагарат св. Отвори широко очи (од изненадување, од чудење, од страв). Ги оџагари очите. ● се ~ Погледне со широко отворени очи. Кога ја слушна веста за наградата, се оџагари. ‖ (се) оџагарува, (се) оџагаруваат несв. ‖ глаг. им. оџагарување ср.