оџак

Именка, машки род

Значење на оџак:

1. Отвор на куќата (или на некој објект) во облик на ѕидан шуплив столб од каде што излегува чадот од огнот. Секоја куќа си има оџак. Од оџакот на локомотивата излегуваше црн чад.

2. огниште.

Множина: оџака, оџаци.

Фразеолошки израз / поговорка:

Гледај твојот оџак да ти чури право – гледај твоите работи да врват како што треба.

Оригинални податоци:

оџак, мн. оџаци, избр. мн. оџака м. 1. Отвор на куќата (или на некој објект) во облик на ѕидан шуплив столб од каде што излегува чадот од огнот. Секоја куќа си има оџак. Од оџакот на локомотивата излегуваше црн чад. 2. в. огниште. ◊ Гледај твојот оџак да ти чури право – гледај твоите работи да врват како што треба.