одјави

Глагол, свршен

Значење на одјави:

1. Објави крај на нешто што било најавено, што е во тек (приредба, емисија на ТВ и сл.); најави. Водителката ја одјави емисијата.

2. Извести дека престанува тоа што било пријавено; пријави. Го одјавила станарот, зашто се иселил. Возот што требаше да пристигне го одјавија.

Коњугација: одјават.

Изведени зборови:

  • одјавување, глаг. им. ср.
  • се ~ одјави, Кон зн. 2. Одјави се од старата фирма, па потоа дојди да те пријавиме.
  • (се) одјавува, глаг. несв. се одјавуваат

Оригинални податоци:

одјави, одјават св. 1. Објави крај на нешто што било најавено, што е во тек (приредба, емисија на ТВ и сл.); спрот. најави. Водителката ја одјави емисијата. 2. Извести дека престанува тоа што било пријавено; спрот. пријави. Го одјавила станарот, зашто се иселил. Возот што требаше да пристигне го одјавија. ● се ~ Кон зн. 2. Одјави се од старата фирма, па потоа дојди да те пријавиме. ǁ (се) одјавува, се одјавуваат несв. ǁ глаг. им. одјавување ср.