одлее

Глагол, свршен

Значење на одлее:

1. Со леење отстрани дел од течност што се наоѓа во некаков сад; оттури. Одлеа малку од бокалот за да не го истури по пат.

2. Истури растопен метал во калап; излее 2. Ја одлеа скулптурата во бронза.

Коњугација: (ќе) одлеев , (ќе) одлееја , (ќе) одлеел , одлеав , одлеаја , одлеал , одлеан , одлеат , одлеен, одлеј , одлејте .

Изведени зборови:

  • одлевање, глаг. им. ср.
  • (се) одлева, глаг. несв. (се) одлеваат
  • се ~ одлее, (прен.) Се намали, се изгуби, исчезне; замине. Парите се одлеаја некаде. Млади кадри се одлеаја во странство.

Оригинални податоци:

одлее, одлеат; одлеј, одлејте; одлеав, одлеаја; одлеал; одлеан; (ќе) одлеев, (ќе) одлееја; (ќе) одлеел; одлеен св. 1. Со леење отстрани дел од течност што се наоѓа во некаков сад; оттури. Одлеа малку од бокалот за да не го истури по пат. 2. Истури растопен метал во калап; излее 2. Ја одлеа скулптурата во бронза. ● се ~ (прен.) Се намали, се изгуби, исчезне; замине. Парите се одлеаја некаде. Млади кадри се одлеаја во странство. ǁ (се) одлева, (се) одлеваат несв. ǁ глаг. им. одлевање ср.