одлепи
Значење на одлепи:
1. Одвои нешто залепено; раздели нешто споено. Одлепи го фластерот, побрзо ќе ти зарасне плускавецот. Дедото ги одлепи усните и тивко прозбори.
Коњугација: одлепат.
Изведени зборови:
- одлепување, глаг. им. ср.
- се ~ одлепи, Се одвои нешто што е залепено; се раздели нешто споено. Завојот лесно се одлепи. Двајцата другари се одлепија од групата.
- (се) одлепува, глаг. несв. (се) одлепуваат
Оригинални податоци:
одлепи, одлепат св. 1. Одвои нешто залепено; раздели нешто споено. Одлепи го фластерот, побрзо ќе ти зарасне плускавецот. Дедото ги одлепи усните и тивко прозбори. ● се ~ Се одвои нешто што е залепено; се раздели нешто споено. Завојот лесно се одлепи. Двајцата другари се одлепија од групата. ǁ (се) одлепува, (се) одлепуваат несв. ǁ глаг. им. одлепување ср.