одличен

Придавка

Значење на одличен:

1. Што се одликува, истакнува со најдобри особини. Одличен соработник. Тој продава одличен мед. Домашните играчи покажаа одлична игра. Одлично здравје.

2. За ученик, студент – со најдобар успех во учењето. Одличен ученик.

Членувана форма: одличниот.

Изведени зборови:

  • одлично, прил. Особено, исклучително добро. Одлично се снајде во новата средина. Тој одлично ја заврши работата.
  • одличност, и. ж.

Оригинални податоци:

одличен, одличниот прид. 1. Што се одликува, истакнува со најдобри особини. Одличен соработник. Тој продава одличен мед. Домашните играчи покажаа одлична игра. Одлично здравје. 2. За ученик, студент – со најдобар успех во учењето. Одличен ученик. ǁ одлично прил. Особено, исклучително добро. Одлично се снајде во новата средина. Тој одлично ја заврши работата. ǁ одличност ж.