одликува
Значење на одликува:
1. Даде, дава некому признание, награда. Овој наш писател го одликуваа со највисокото државно признание.
2. несв. Изделува, одбележува, разликува од другите; карактеризира Стилот на овој автор го одликува едноставност и конкретност.
Коњугација: одликуваат.
Изведени зборови:
- се ~ одликува, Се изделува, се разликува, се истакнува со нешто. Тој се одликуваше со високи морални квалитети. Таа старица се одликуваше со неверојатна мудрост.
Оригинални податоци:
одликува, одликуваат св. и несв. 1. Даде, дава некому признание, награда. Овој наш писател го одликуваа со највисокото државно признание. 2. несв. Изделува, одбележува, разликува од другите; сп. карактеризира 1. Стилот на овој автор го одликува едноставност и конкретност. ● се ~ Се изделува, се разликува, се истакнува со нешто. Тој се одликуваше со високи морални квалитети. Таа старица се одликуваше со неверојатна мудрост.