одмавне
Значење на одмавне:
1. Со мавтање, со движење на раката или на главата покаже несогласување, одбивање или помирување со нешто. Презриво одмавна со раката и ништо не одговори. Одмавна со главата колку да покаже дека се лути.
2. Отпоздрави со мавтање. Тој го виде оддалеку, па само му одмавна со раката.
Коњугација: (ќе) одмавнеа , (ќе) одмавнев , (ќе) одмавнел, одмавнаа , одмавнав , одмавнал , одмавнат , одмавнат , одмавнете , одмавни .
Изведени зборови:
- одмавнува, глаг. несв. одмавнуваат
- одмавнување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
одмавне, одмавнат; одмавни, одмавнете; одмавнав, одмавнаа; одмавнал; одмавнат; (ќе) одмавнев, (ќе) одмавнеа; (ќе) одмавнел св. 1. Со мавтање, со движење на раката или на главата покаже несогласување, одбивање или помирување со нешто. Презриво одмавна со раката и ништо не одговори. Одмавна со главата колку да покаже дека се лути. 2. Отпоздрави со мавтање. Тој го виде оддалеку, па само му одмавна со раката. ǁ одмавнува, одмавнуваат несв. ǁ глаг. им. одмавнување ср.