одмазда
Значење на одмазда:
Свесна, повратна реакција на некое злосторство заради лично задоволување за извршената неправда, насилство и сл. Лута одмазда. Желба за одмазда. Само одмазда можеше да го смири.Множина: одмазди.
Фразеолошки израз / поговорка:
Крвна одмазда – обичајна обврска на семејството чијшто член е убиен да го убие извршителот на убиството или да врати на истиот начин на некој член од семејството на убиецот.
Оригинални податоци:
одмазда, мн. одмазди ж. Свесна, повратна реакција на некое злосторство заради лично задоволување за извршената неправда, насилство и сл. Лута одмазда. Желба за одмазда. Само одмазда можеше да го смири. ◊ Крвна одмазда – обичајна обврска на семејството чијшто член е убиен да го убие извршителот на убиството или да врати на истиот начин на некој член од семејството на убиецот.