одмазди
Значење на одмазди:
Казни злосторник во име на жртвата. Тој го одмазди својот брат. Синот го одмазди татка си. Семејството ја одмазди смртта на својот најмлад член.Коњугација: одмаздат.
Изведени зборови:
- одмаздување, глаг. им. ср.
- се ~ одмазди, Со одмазда се задоволи за извршена неправда, насилство и сл. Ќе ти се одмаздам за ова што ми го направи. За навредата му се одмазди подоцна.
- (се) одмаздува, глаг. несв. (се) одмаздуваат
Оригинални податоци:
одмазди, одмаздат св. Казни злосторник во име на жртвата. Тој го одмазди својот брат. Синот го одмазди татка си. Семејството ја одмазди смртта на својот најмлад член. ● се ~ Со одмазда се задоволи за извршена неправда, насилство и сл. Ќе ти се одмаздам за ова што ми го направи. За навредата му се одмазди подоцна. ǁ (се) одмаздува, (се) одмаздуваат несв. ǁ глаг. им. одмаздување ср.