одмерен

Придавка

Значење на одмерен:

1. Глаголска придавка од одмери.

2. Рамномерен по ритам и сл. Одмерен чекор. Одмерен тон.

3. Што е воздржан, умерен во она што го прави. Одмерен човек. Одмерен во радоста.

Членувана форма: одмерениот.

Изведени зборови:

  • одмерено, прил. 1. Во ист ритам, рамномерно. Часовникот удираше одмерено. 2. Без брзи и нагли постапки, умерено. Зборуваше одмерено. Не потрча, чекореше одмерено.
  • одмереност, и. ж.

Оригинални податоци:

одмерен, одмерениот прид. 1. Глаг. прид. од одмери. 2. Рамномерен по ритам и сл. Одмерен чекор. Одмерен тон. 3. Што е воздржан, умерен во она што го прави. Одмерен човек. Одмерен во радоста. ǁ одмерено прил. 1. Во ист ритам, рамномерно. Часовникот удираше одмерено. 2. Без брзи и нагли постапки, умерено. Зборуваше одмерено. Не потрча, чекореше одмерено. ǁ одмереност ж.