одмери

Глагол, свршен

Значење на одмери:

1. Со некаква мерка процени, определи некаква величина (тежина, должина, содржина и др.). Тој добро го одмери обемот на работата. Не ги одмери зборовите, избрза. Го одмери растојанието до куќата за да стаса навреме.

2. (прен.) За поглед – изгледа некого со големо внимание, испитувачки. Го одмери од глава до петици.

Коњугација: одмерат.

Изведени зборови:

  • одмерува, глаг. несв. одмеруваат
  • одмерување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

одмери, одмерат св. 1. Со некаква мерка процени, определи некаква величина (тежина, должина, содржина и др.). Тој добро го одмери обемот на работата. Не ги одмери зборовите, избрза. Го одмери растојанието до куќата за да стаса навреме. 2. (прен.) За поглед – изгледа некого со големо внимание, испитувачки. Го одмери од глава до петици. ǁ одмерува, одмеруваат несв. ǁ глаг. им. одмерување ср. ◊ Одмерување на силите – борба, натпревар.