одметне

Глагол, свршен

Значење на одметне:

Со брзо, отсечно движење отфрли, зафрли нешто настрана, наназад. Одеднаш тој се исправи, ја одметна главата наназад и го погледна в очи.

Коњугација: (ќе) одметнеа , (ќе) одметнев , (ќе) одметнел, одметнаа , одметнав , одметнал , одметнат , одметнат , одметнете , одметни .

Изведени зборови:

  • одметнување, глаг. им. ср.
  • се ~ одметне, Се побуни против власта, законите, поредокот и сл., обично со излегување од местото на живеење заради борба. Напролет тој се одметна в гора. Неговиот дедо се одметнал и станал војвода.
  • (се) одметнува, глаг. несв. (се) одметнуваат

Оригинални податоци:

одметне, одметнат; одметни, одметнете; одметнав, одметнаа; одметнал; одметнат; (ќе) одметнев, (ќе) одметнеа; (ќе) одметнел св. Со брзо, отсечно движење отфрли, зафрли нешто настрана, наназад. Одеднаш тој се исправи, ја одметна главата наназад и го погледна в очи. ● се ~ Се побуни против власта, законите, поредокот и сл., обично со излегување од местото на живеење заради борба. Напролет тој се одметна в гора. Неговиот дедо се одметнал и станал војвода. ǁ (се) одметнува, (се) одметнуваат несв. ǁ глаг. им. одметнување ср.