одмоли
Значење на одмоли:
Со молење издејствува нешто; измоли. Детето го одмоли соседот да му ја врати топката.Коњугација: одмолат.
Изведени зборови:
- одмолување, глаг. им. ср.
- се ~ одмоли, Со молење издејствува нешто за себе. Се одмоли да не го казнуваат.
- (се) одмолува, глаг. несв. (се) одмолуваат
Оригинални податоци:
одмоли, одмолат св. Со молење издејствува нешто; измоли. Детето го одмоли соседот да му ја врати топката. ● се ~ Со молење издејствува нешто за себе. Се одмоли да не го казнуваат. ǁ (се) одмолува, (се) одмолуваат несв. ǁ глаг. им. одмолување ср.