одмрзне

Глагол, свршен

Значење на одмрзне:

Под дејство на топлина врати во претходна состојба нешто што било замрзнато; растопи; Го одмрзна месото за ручек. Одмрзни го фрижидерот да го исчистам.

Коњугација: (ќе) одмрзнеа , (ќе) одмрзнев , (ќе) одмрзнел, одмрзнаа , одмрзнав , одмрзнал , одмрзнат , одмрзнат , одмрзнете , одмрзни .

Изведени зборови:

  • одмрзнување, глаг. им. ср.
  • се ~ одмрзне, Се растопи. Се одмрзнаа мразулците што висеа од олуците.
  • (се) одмрзнува, глаг. несв. (се) одмрзнуваат

Оригинални податоци:

одмрзне, одмрзнат; одмрзни, одмрзнете; одмрзнав, одмрзнаа; одмрзнал; одмрзнат; (ќе) одмрзнев, (ќе) одмрзнеа; (ќе) одмрзнел св. Под дејство на топлина врати во претходна состојба нешто што било замрзнато; растопи; спрот. замрзне. Го одмрзна месото за ручек. Одмрзни го фрижидерот да го исчистам. ● се ~ Се растопи. Се одмрзнаа мразулците што висеа од олуците. ǁ (се) одмрзнува, (се) одмрзнуваат несв. ǁ глаг. им. одмрзнување ср.