однесе

Глагол, свршен

Значење на однесе:

1. Со носење пренесе, премести некого или нешто од едно на друго место. Однеси ги торбите во кујната. Ги однесе чевлите на поправка.

2. а) Одведе или превезе некого со превозно средство. Службеникот ја однесе странката до шалтерот. Итно го однесоа во болница. б) Превезе нешто. – Однесете го мебелот од магацинот во продавницата.

3. За вода, ветар и сл. – со своето движење пренесе нешто од едно место на друго; одвлече, разурне, уништи. Надојдената река го однесе дрвеното мовче. Се разведри, ветрот ги однесе облаците.

4. (прен.) За мисла, ум и сл. – пренесе на некое место, настан итн. Сеќавањето го однесе во младоста. Мислата го однесе крај пенливи морски бранови.

Коњугација: (ќе) однесеа , (ќе) однесев , (ќе) однесел , однесат , однесен, однесете , однеси , однесле и однел , однесоа , однесов , однесол .

Изведени зборови:

  • се ~ однесе, Заземе став, реагира во определен момент или на дадена ситуација. Старецот се однесе студено кон неочекуваниот гостин. Тој се однесе пријателски.
  • (се) однесува, глаг. несв. (се) однесуваат

Фразеолошки израз / поговорка:

Си го однесе – настрада. Го однесе матната – пропадна, се уништи. Однесе в гроб – не открие тајна.

Оригинални податоци:

однесе, однесат; однеси, однесете; однесов, однесоа; однесол, однесле и однел; (ќе) однесев, (ќе) однесеа; (ќе) однесел; однесен св. 1. Со носење пренесе, премести некого или нешто од едно на друго место. Однеси ги торбите во кујната. Ги однесе чевлите на поправка. 2. а) Одведе или превезе некого со превозно средство. Службеникот ја однесе странката до шалтерот. Итно го однесоа во болница. б) Превезе нешто. – Однесете го мебелот од магацинот во продавницата. 3. За вода, ветар и сл. – со своето движење пренесе нешто од едно место на друго; одвлече, разурне, уништи. Надојдената река го однесе дрвеното мовче. Се разведри, ветрот ги однесе облаците. 4. (прен.) За мисла, ум и сл. – пренесе на некое место, настан итн. Сеќавањето го однесе во младоста. Мислата го однесе крај пенливи морски бранови. ● се ~ Заземе став, реагира во определен момент или на дадена ситуација. Старецот се однесе студено кон неочекуваниот гостин. Тој се однесе пријателски. ◊ Си го однесе – настрада. Го однесе матната – пропадна, се уништи. Однесе в гроб – не открие тајна. ǁ (се) однесува, (се) однесуваат несв.