однесување
Значење на однесување:
1. Глаголска именка од однесува. Брзото однесување во болница беше одлучувачко за нивните животи.
2. Начин на комуникација, однос, поведение. Ученик со непримерно однесување. Не е за секаде такво однесување.
3. Обраќање. Не е во ред такво однесување кон наставник.
Множина: однесувања.
Оригинални податоци:
однесување, мн. однесувања ср. 1. Глаг. им. од однесува. Брзото однесување во болница беше одлучувачко за нивните животи. 2. Начин на комуникација, однос, поведение. Ученик со непримерно однесување. Не е за секаде такво однесување. 3. Обраќање. Не е во ред такво однесување кон наставник.