однос
Значење на однос:
1. Став, држење, начин на однесување кон некого или кон нешто. Правилен однос кон работата. Оптимистички однос кон животот. Здрав однос кон храната.
2. Положба, релација на еден наспроти друг, заемност, поврзаност на луѓе. Однос меѓу работодавачот и работникот.
3. Заемна врска меѓу два предмета, појави или различни, спротивни величини. Односот увоз – извоз. Односот на приходите и расходите.
4. (обично во мн.) Врска меѓу луѓе, појави, состојби. Национални односи. Пријателски односи. Деловни односи. Демократски односи. Капиталистички односи.
5. Во изрази од типот: во однос на, во тој / таков однос и сл. – што се однесува на.
Множина: односи.
Фразеолошки израз / поговорка:
Брачен однос – брак. Работен однос – однос меѓу работникот и работодавецот. Полов однос – полов акт.
Оригинални податоци:
однос, мн. односи м. 1. Став, држење, начин на однесување кон некого или кон нешто. Правилен однос кон работата. Оптимистички однос кон животот. Здрав однос кон храната. 2. Положба, релација на еден наспроти друг, заемност, поврзаност на луѓе. Однос меѓу работодавачот и работникот. 3. Заемна врска меѓу два предмета, појави или различни, спротивни величини. Односот увоз – извоз. Односот на приходите и расходите. 4. (обично во мн.) Врска меѓу луѓе, појави, состојби. Национални односи. Пријателски односи. Деловни односи. Демократски односи. Капиталистички односи. 5. Во изрази од типот: во однос на, во тој / таков однос и сл. – што се однесува на. ◊ Брачен однос – брак. Работен однос – однос меѓу работникот и работодавецот. Полов однос – полов акт.