одобри

Глагол, свршен

Значење на одобри:

1. Се согласи со нешто. Сите присутни го одобрија предлогот.

2. Даде дозвола, одобрение. Управата му одобри службено патување. Му одобрија рушење на старата и градба на нова куќа.

3. Потврди нешто што е претходно направено. Министерството го одобри изборот за директор.

4. Задоволи некакво барање. Банката ми одобри кредит.

Коњугација: одобрат.

Изведени зборови:

  • одобрува, глаг. несв. одобруваат
  • одобрување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

одобри, одобрат св. 1. Се согласи со нешто. Сите присутни го одобрија предлогот. 2. Даде дозвола, одобрение. Управата му одобри службено патување. Му одобрија рушење на старата и градба на нова куќа. 3. Потврди нешто што е претходно направено. Министерството го одобри изборот за директор. 4. Задоволи некакво барање. Банката ми одобри кредит. ǁ одобрува, одобруваат несв. ǁ глаг. им. одобрување ср.