одолее

Глагол, свршен

Значење на одолее:

Издржи пред некој предизвик, совлада некој напор, напад, болест и сл. Таа иако беше на диета, не им одолеа на слатките. Старото дрво во дворот одолеа пред силното невреме.

Коњугација: (ќе) одолеев , (ќе) одолееја , (ќе) одолеел, одолеав , одолеаја , одолеал , одолеан , одолеат , одолеј , одолејте .

Изведени зборови:

  • одолева, глаг. несв. одолеваат
  • одолевање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

одолее, одолеат; одолеј, одолејте; одолеав, одолеаја; одолеал; одолеан; (ќе) одолеев, (ќе) одолееја; (ќе) одолеел св. Издржи пред некој предизвик, совлада некој напор, напад, болест и сл. Таа иако беше на диета, не им одолеа на слатките. Старото дрво во дворот одолеа пред силното невреме. ǁ одолева, одолеваат несв. ǁ глаг. им. одолевање ср.