одомаши (се)
Неологизам.
Значење на одомаши (се):
Направи некој или нешто да стане домашно, да се приспособи, да се навикне на нова средина, на нов начин на живеење и сл. Го прифатија како член на семејството и го одомашија.Коњугација: (се) одомашат.
Изведени зборови:
- одомашување, глаг. им. ср.
- се ~ одомаши (се), Стане како домашен, стане домашен по приспособувањето. Новодојдените брзо се одомашија во селото. Во определени услови многу зборови се одомашија во нашиот јазик.
- (се) одомашува, глаг. несв. (се) одомашуваат
Оригинални податоци:
одомаши (се), (се) одомашат св. (неол.) Направи некој или нешто да стане домашно, да се приспособи, да се навикне на нова средина, на нов начин на живеење и сл. Го прифатија како член на семејството и го одомашија. ● се ~ Стане како домашен, стане домашен по приспособувањето. Новодојдените брзо се одомашија во селото. Во определени услови многу зборови се одомашија во нашиот јазик. ǁ (се) одомашува, (се) одомашуваат несв. ǁ глаг. им. одомашување ср.