одоми

Глагол, свршен

Значење на одоми:

1. Направи некој да има дом, куќа; закуќи. Родителите му купија стан, го одомија.

2. Ожени, омажи. Тој остана сам со бабата, ги одоми и синот и ќерката.

Коњугација: одомат.

Изведени зборови:

  • одомување, глаг. им. ср.
  • се ~ одоми, Се здобие со дом, куќа; се закуќи. Направија малечка куќичка, се одомија.
  • (се) одомува, глаг. несв. (се) одомуваат

Оригинални податоци:

одоми, одомат св. 1. Направи некој да има дом, куќа; закуќи. Родителите му купија стан, го одомија. 2. Ожени, омажи. Тој остана сам со бабата, ги одоми и синот и ќерката. ● се ~ Се здобие со дом, куќа; се закуќи. Направија малечка куќичка, се одомија. ǁ (се) одомува, (се) одомуваат несв. ǁ глаг. им. одомување ср.