одозгора

Прилог

Значење на одозгора:

1. Од горната страна, на површината на нешто. Колачот се прелива одозгора со растопено чоколадо.

2. Од место што е издигнато, од повисоко место во однос на нешто друго или на околината. Таа ѕиркаше од прозорецот одозгора. Одозгора по патот се појавија двајца.

3. (прен.) Од повисоката власт, од партискиот врв и сл. Така е наредено одозгора.

4. Од север, од места, области и сл. што се на север. Кога се расипува времето, секогаш доаѓа одозгора, па потоа кај нас на југ.

5. За количество – покрај тоа уште; згора. Знаеше дека е виновен, а одозгора уште и вика.

Оригинални податоци:

одозгора прил. 1. Од горната страна, на површината на нешто. Колачот се прелива одозгора со растопено чоколадо. 2. Од место што е издигнато, од повисоко место во однос на нешто друго или на околината. Таа ѕиркаше од прозорецот одозгора. Одозгора по патот се појавија двајца. 3. (прен.) Од повисоката власт, од партискиот врв и сл. Така е наредено одозгора. 4. Од север, од места, области и сл. што се на север. Кога се расипува времето, секогаш доаѓа одозгора, па потоа кај нас на југ. 5. За количество – покрај тоа уште; згора. Знаеше дека е виновен, а одозгора уште и вика.