одработи
Значење на одработи:
Изврши определена работна обврска; се оддолжи за нешто (врати долг, надомести однапред или отпосле за слободен ден и сл.). Јас го одработив мојот дел, сега на ред сте вие. Тој го одработи своето и замина во пензија. Ја одработивме саботата за претходниот продолжен викенд.Коњугација: одработат.
Изведени зборови:
- одработува, глаг. несв. одработуваат
- одработување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
одработи, одработат св. Изврши определена работна обврска; се оддолжи за нешто (врати долг, надомести однапред или отпосле за слободен ден и сл.). Јас го одработив мојот дел, сега на ред сте вие. Тој го одработи своето и замина во пензија. Ја одработивме саботата за претходниот продолжен викенд. ǁ одработува, одработуваат несв. ǁ глаг. им. одработување ср.