одраз
Значење на одраз:
1. а) Одразена слика на нешто во некоја мазна површина (огледало, стакло, вода и сл.). Таа седеше на карпата и гледаше во својот одраз во водата. б) Одблесок, отсјај. Полната месечина имаше прекрасен сребрен одраз на средината од езерото.
2. Резултат, последица, реакција од нешто; одглас. Неговата поезија е одраз на длабоки емоционални доживувања. Таквите случувања имаат негативен одраз во јавноста.
3. (спорт.) Движење со потиснување на стапалата на земја при скок. Гимнастичарот имаше лош одраз, за малку не се повреди.
Множина: одрази.
Фразеолошки израз / поговорка:
Теорија на одразот – гносеолошка теорија според која спознавањето е одраз на околниот, реалниот свет во свеста на човекот.
Оригинални податоци:
одраз, мн. одрази м. 1. а) Одразена слика на нешто во некоја мазна површина (огледало, стакло, вода и сл.). Таа седеше на карпата и гледаше во својот одраз во водата. б) Одблесок, отсјај. Полната месечина имаше прекрасен сребрен одраз на средината од езерото. 2. Резултат, последица, реакција од нешто; одглас. Неговата поезија е одраз на длабоки емоционални доживувања. Таквите случувања имаат негативен одраз во јавноста. 3. (спорт.) Движење со потиснување на стапалата на земја при скок. Гимнастичарот имаше лош одраз, за малку не се повреди. ◊ Теорија на одразот – гносеолошка теорија според која спознавањето е одраз на околниот, реалниот свет во свеста на човекот.