одрази

Глагол, свршен

Значење на одрази:

1. Создаде, направи одраз, слика од нешто на некоја мазна површина (огледало, стакло, вода и сл.). Огледалото ја одрази жената послаба отколку што е навистина.

2. Одбие, отсјае. Огледалото силно ја одрази светлината од блицот.

3. Во уметноста – претстави, предаде, прикаже. Романот точно го одразува секојдневниот живот од тој период. Неговите слики одразуваат длабока осаменост.

Коњугација: одразат.

Изведени зборови:

  • одразување, глаг. им. ср.
  • се ~ одрази, Се одбие, се отслика нешто на некоја мазна површина. Сонцето на заоѓање се одрази на прозорецот. 2. (прен.) За чувства, емоционални состојби и сл. – се покаже, се пројави. Длабокиот немир се одрази и на нејзиното лице. 3. Се покаже, се пренесе како влијание, резултат, последица од нешто. Нивните несогласувања се одразија и на нас. Нејзиното присуство се одрази поволно на атмосферата.
  • (се) одразува, глаг. несв. (се) одразуваат

Оригинални податоци:

одрази, одразат св. 1. Создаде, направи одраз, слика од нешто на некоја мазна површина (огледало, стакло, вода и сл.). Огледалото ја одрази жената послаба отколку што е навистина. 2. Одбие, отсјае. Огледалото силно ја одрази светлината од блицот. 3. Во уметноста – претстави, предаде, прикаже. Романот точно го одразува секојдневниот живот од тој период. Неговите слики одразуваат длабока осаменост. ● се ~ Се одбие, се отслика нешто на некоја мазна површина. Сонцето на заоѓање се одрази на прозорецот. 2. (прен.) За чувства, емоционални состојби и сл. – се покаже, се пројави. Длабокиот немир се одрази и на нејзиното лице. 3. Се покаже, се пренесе како влијание, резултат, последица од нешто. Нивните несогласувања се одразија и на нас. Нејзиното присуство се одрази поволно на атмосферата. ǁ (се) одразува, (се) одразуваат несв. ǁ глаг. им. одразување ср.