одреди

Глагол, свршен

Значење на одреди:

1. Утврди, установи нешто, во некој однос (по број, големина, тежина, квалитет итн.) определи. Злосторникот го фатија, но му одредија мала казна. Јадењето беше блуткаво, не можеше да му го одреди вкусот.

2. Пропише, донесе решение, одлука, закон и сл. Работното време ќе се одреди со Правилникот. Привремената власт одреди полициски час.

3. Одбере, избере, намени за нешто. Треба да одредат и негов заменик. Одредија термин за свадба.

Коњугација: одредат.

Изведени зборови:

  • одредува, глаг. несв. одредуваат
  • одредување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

одреди, одредат св. 1. Утврди, установи нешто, во некој однос (по број, големина, тежина, квалитет итн.) сп. определи. Злосторникот го фатија, но му одредија мала казна. Јадењето беше блуткаво, не можеше да му го одреди вкусот. 2. Пропише, донесе решение, одлука, закон и сл. Работното време ќе се одреди со Правилникот. Привремената власт одреди полициски час. 3. Одбере, избере, намени за нешто. Треба да одредат и негов заменик. Одредија термин за свадба. ǁ одредува, одредуваат несв. ǁ глаг. им. одредување ср.