одредница

Именка, женски род

Значење на одредница:

1. Тоа што одредува, што е битно обележје.

2. (архив.) Име, збор или израз, носител на поим што битно ја одредува неговата смисла и место каде што ќе се најде во некоја целина (картотека, индекс, регистар, речник и сл.).

Множина: одредници.

Оригинални податоци:

одредница, мн. одредници ж. 1. Тоа што одредува, што е битно обележје. 2. (архив.) Име, збор или израз, носител на поим што битно ја одредува неговата смисла и место каде што ќе се најде во некоја целина (картотека, индекс, регистар, речник и сл.).