одржи
Значење на одржи:
1. Зачува, сочува нешто во иста состојба. Го одржа имотот и покрај лошите времиња.
2. Спроведе, изврши, организира состанок, седница, заседание итн.
3. Остане доследен на даден збор; исполни ветување. Таа дојде, го одржа зборот.
Конјугација: (ќе) одржеа , (ќе) одржев , (ќе) одржел, одржаа , одржав , одржал , одржан , одржат , одржете , одржи .
Изведени зборови:
- одржување, глаг. им. ср.
- се ~ одржи, 1. Се зачува, се сочува во иста состојба. 2. Се спроведе, се изврши нешто. Собирот се одржа во амфитеатарот. 3. Достои во нешто, се дочува. Пријателството се одржа и покрај влијанијата отстрана.
- (се) одржува, глаг. несв. (се) одржуваат
Фразеолошки израз / поговорка:
Одржи час / предавање – настапи како предавач пред слушатели.
Оригинални податоци:
одржи, одржат; одржи, одржете; одржав, одржаа; одржал, одржан; (ќе) одржев, (ќе) одржеа; (ќе) одржел св. 1. Зачува, сочува нешто во иста состојба. Го одржа имотот и покрај лошите времиња. 2. Спроведе, изврши, организира состанок, седница, заседание итн. 3. Остане доследен на даден збор; исполни ветување. Таа дојде, го одржа зборот. ● се ~ 1. Се зачува, се сочува во иста состојба. 2. Се спроведе, се изврши нешто. Собирот се одржа во амфитеатарот. 3. Достои во нешто, се дочува. Пријателството се одржа и покрај влијанијата отстрана. ◊ Одржи час / предавање – настапи како предавач пред слушатели. ǁ (се) одржува, (се) одржуваат несв. ǁ глаг. им. одржување ср.