одведе

Глагол, свршен

Значење на одведе:

1. Поведе, однесе некого од едно место на друго. Таа ги одведе гостите во гостинската соба. Заробениот војник го одведоа кај командантот. Тој го одведе добитокот на пасење.

2. Однесе некого некаде следејќи пат, траги. Патот нѐ одведе во едно запустено село. Трагите го одведоа кучето до ранетата лисица.

3. Спроведе, одвлече, однесе некого со сила. Девојката ја одведоа од дома. Заробениците ги одведоа в затвор.

4. За вода – одбие, одврати, смени тек. Тој ја одведе водата од каналот.

5. (прен.) Доведе до нова состојба, промени нешто. Твојата тврдоглавост нѐ одведе до пропаст. Долгите прошетки ми ги одведоа мислите на друга страна.

Коњугација: (ќе) одведеа , (ќе) одведев , (ќе) одведел , одведат , одведен, одведете , одведи , одведоа , одведов , одвел .

Изведени зборови:

  • одведува, глаг. несв. одведуваат
  • одведување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

одведе, одведат; одведи, одведете; одведов, одведоа; одвел; (ќе) одведев, (ќе) одведеа; (ќе) одведел; одведен св. 1. Поведе, однесе некого од едно место на друго. Таа ги одведе гостите во гостинската соба. Заробениот војник го одведоа кај командантот. Тој го одведе добитокот на пасење. 2. Однесе некого некаде следејќи пат, траги. Патот нѐ одведе во едно запустено село. Трагите го одведоа кучето до ранетата лисица. 3. Спроведе, одвлече, однесе некого со сила. Девојката ја одведоа од дома. Заробениците ги одведоа в затвор. 4. За вода – одбие, одврати, смени тек. Тој ја одведе водата од каналот. 5. (прен.) Доведе до нова состојба, промени нешто. Твојата тврдоглавост нѐ одведе до пропаст. Долгите прошетки ми ги одведоа мислите на друга страна. ǁ одведува, одведуваат несв. ǁ глаг. им. одведување ср.