одвее
Значење на одвее:
1. За ветар – дувне, однесе, разнесе нешто. Ветрот ги одвеа пожолтените лисја. Силниот ветар ми ја одвеа шапката. Бурата го одвеа малото кајче.
2. За жито – исчисти од плева со веење. Селаните навреме го одвеаја житото и го собраа во вреќи.
Коњугација: (ќе) одвеев , (ќе) одвееја , (ќе) одвеел , одвеав , одвеаја , одвеал , одвеан , одвеат , одвеен, одвеј , одвејте .
Изведени зборови:
- одвева, глаг. несв. одвеваат -- одвејува, одвејуваат
- одвевање, глаг. им. ср. одвевање / одвејување
Оригинални податоци:
одвее, одвеат; одвеј, одвејте; одвеав, одвеаја; одвеал; одвеан; (ќе) одвеев, (ќе) одвееја; (ќе) одвеел; одвеен св. 1. За ветар – дувне, однесе, разнесе нешто. Ветрот ги одвеа пожолтените лисја. Силниот ветар ми ја одвеа шапката. Бурата го одвеа малото кајче. 2. За жито – исчисти од плева со веење. Селаните навреме го одвеаја житото и го собраа во вреќи. ǁ одвева, одвеваат / одвејува, одвејуваат несв. ǁ глаг. им. одвевање / одвејување ср.