одвезе 1

Глагол, свршен

Значење на одвезе:

Пренесе, однесе некого или нешто со возење. Тој ги одвезе децата на село со својот автомобил. Селаните го одвезоа добитокот со камиони на пазар во градот. Сеното го качија на приколката и го одвезоа до колибата.

Коњугација: (ќе) одвезеа , (ќе) одвезев , (ќе) одвезел , одвезат , одвезен, одвезете , одвези , одвезоа , одвезов , одвезол .

Изведени зборови:

  • одвезување, глаг. им. ср.
  • се ~ одвезе, Замине, отпатува со возило. Седнаа во колата и се одвезоа до соседниот град. Со чамецот се одвезе до другиот крај на езерото.
  • (се) одвезува, глаг. несв. (се) одвезуваат

Оригинални податоци:

одвезе1, одвезат; одвези, одвезете; одвезов, одвезоа; одвезол; (ќе) одвезев, (ќе) одвезеа; (ќе) одвезел; одвезен св. Пренесе, однесе некого или нешто со возење. Тој ги одвезе децата на село со својот автомобил. Селаните го одвезоа добитокот со камиони на пазар во градот. Сеното го качија на приколката и го одвезоа до колибата. ● се ~ Замине, отпатува со возило. Седнаа во колата и се одвезоа до соседниот град. Со чамецот се одвезе до другиот крај на езерото. ǁ (се) одвезува, (се) одвезуваат несв. ǁ глаг. им. одвезување ср.