одвие

Глагол, свршен

Значење на одвие:

1. Одвитка, развитка, отвори нешто завиено вадејќи му ја обвивката. Детето го одви подарокот. Тие го одвија пакетот уште на пошта.

2. Извади, одмота нешто претходно завиено (пелени, завој и сл.); повие. Таа го одви детето и му стави нови пелени. Сестрата му ја одви раната на војникот и му ја премачка со маст.

3. Одвитка, отплетка нешто навиткано, завиткано; навие, завие. Мајсторот го одви кабелот од плочата. Не можеше да ја одвие завитканата жица.

Коњугација: (ќе) одвиев , (ќе) одвиеја , (ќе) одвиел , одвив , одвиен, одвиј , одвија , одвијат , одвијте , одвил .

Изведени зборови:

  • одвивање, глаг. им. ср.
  • (се) одвива, глаг. несв. (се) одвиваат 1. сп. одвие. 2. Се случува, тече, се развива. Настаните се одвиваа брзо. Работата не се одвива како што треба. Евиденцијата се одвиваше по општинските собранија.
  • се ~ одвие, 1. Се одвитка, се одмота нешто завиено. Ако не го закачиш филмот со спојка, тој ќе се одвие. Челичната жица сама се одви од макарата. Завојот се одви зашто преврската беше лошо направена. 2. Се ослободи, отфрли нешто со што е завиен. Мрдајќи со нозете, бебето се одви од повојот.

Оригинални податоци:

одвие, одвијат; одвиј, одвијте; одвив, одвија; одвил; (ќе) одвиев, (ќе) одвиеја; (ќе) одвиел; одвиен св. 1. Одвитка, развитка, отвори нешто завиено вадејќи му ја обвивката. Детето го одви подарокот. Тие го одвија пакетот уште на пошта. 2. Извади, одмота нешто претходно завиено (пелени, завој и сл.); спрот. повие. Таа го одви детето и му стави нови пелени. Сестрата му ја одви раната на војникот и му ја премачка со маст. 3. Одвитка, отплетка нешто навиткано, завиткано; спрот. навие, завие. Мајсторот го одви кабелот од плочата. Не можеше да ја одвие завитканата жица. ● се ~ 1. Се одвитка, се одмота нешто завиено. Ако не го закачиш филмот со спојка, тој ќе се одвие. Челичната жица сама се одви од макарата. Завојот се одви зашто преврската беше лошо направена. 2. Се ослободи, отфрли нешто со што е завиен. Мрдајќи со нозете, бебето се одви од повојот. ǁ (се) одвива, (се) одвиваат несв. 1. сп. одвие. 2. Се случува, тече, се развива. Настаните се одвиваа брзо. Работата не се одвива како што треба. Евиденцијата се одвиваше по општинските собранија. ǁ глаг. им. одвивање ср.