одвитка

Глагол, свршен

Значење на одвитка:

1. Одмота, одвие, отвори нешто завиено, развитка; завитка. Го одвитка врзопот и од него извади парче леб и сирење. Тој го одвитка од вратот волненото шалче.

2. одвие 2. Мајката го одвитка бебето и го остави да помрда со нозете. Таа му ја одвитка раната и му стави нов завој.

3. Исправи нешто свиткано, искривено; свитка. Тој ја одвитка ортомата. Го одвитка весникот и почна да го чита. Одвај ја одвитка жицата.

Коњугација: одвиткаат.

Изведени зборови:

  • одвиткување, глаг. им. ср.
  • се ~ одвитка, 1. Се одмота, се одвие од нешто; спрот. завитка се. Му стана жешко и се одвитка од ќебето. Завојот ми се одвитка од раката. Подарокот не беше убаво залепен и се одвитка. 2. сп. одвие се 2. Бебето се одвитка, не било добро повиено.
  • (се) одвиткува, глаг. несв. (се) одвиткуваат

Оригинални податоци:

одвитка, одвиткаат св. 1. Одмота, одвие, отвори нешто завиено, развитка; спрот. завитка. Го одвитка врзопот и од него извади парче леб и сирење. Тој го одвитка од вратот волненото шалче. 2. сп. одвие 2. Мајката го одвитка бебето и го остави да помрда со нозете. Таа му ја одвитка раната и му стави нов завој. 3. Исправи нешто свиткано, искривено; спрот. свитка. Тој ја одвитка ортомата. Го одвитка весникот и почна да го чита. Одвај ја одвитка жицата. ● се ~ 1. Се одмота, се одвие од нешто; спрот. завитка се. Му стана жешко и се одвитка од ќебето. Завојот ми се одвитка од раката. Подарокот не беше убаво залепен и се одвитка. 2. сп. одвие се 2. Бебето се одвитка, не било добро повиено. ǁ (се) одвиткува, (се) одвиткуваат несв. ǁ глаг. им. одвиткување ср.